Две лица повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево, помеѓу селата Арбиново и Сливово

Охрид Регион Црна хроника

На 10.05.2023 во 18.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Арбиново и с.Сливово, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(20) од с.Франгово, струшко, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Д.(54) од с.Франгово, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us:
Tagged