(ФОТО) Во пресрет на туристичката сезона во Охрид се уредуваат јавните површини

Охрид

Во пресрет на летната туристичка сезона, започнавме активности за уредување на јавните површини на територија на Општина Охрид. Во тек се активностите за санација на кружните текови, пешачко – рекреативните патеки, мини плоштади и паркови, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница.

“На кружните текови веќе се санираат елементите што се оштетени и недостасуваат, а дополнително се санира и осветлувањето. Во моментов активности за санација се одвиваат на пешачката патека Студенчишта – хотел Парк и на плоштадот кај музичкото училиште. Во наредниот период продолжуваме со санација на пешачката патека Канео – Лабино и со уредување на зелениот појас долж Булеварот Туристичка”, напиша градоначалникот Пецаков.

Вредноста на овие активности изнесува 2 800 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Please follow and like us:
Tagged