10 златни, 8 сребрени и 21 бронзен медал за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од “Гран при Зворник 2023”

Охрид Регион Спорт

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, изминатиов викенд, учествуваше на еден од најсилните и најпрестижни натпревари за оваа пролетна сезона, Меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “ГРАН ПРИ Зворник 2023”, во БиХ.

МТТФ зеде учество со 44 луѓе, од кои 33 натпреварувачи, 2 судии, 6 тренери и 3 официјални лица.

Натпреварувачите беа од: Таеквон-до ИТФ клуб СОНКАЛ – Мислешево, Струга, Таеквон-до ИТФ клуб ЧОНЏИ – Косел, Охрид, Таеквон-до клуб МАСТЕР Охрид, Таеквон-до клуб АХИЛИУС Скопје и Таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ – Лескоец, Охрид  

“На овој престижен натпревар учествуваа околу 450 натпреварувачи, од 50 клубови од 15 земји ширум Европа, од Србија, Словенија, Грција, Бугарија, Македонија, БиХ, Хрватска, Романија, Италија, Австрија, Унгарија, Чешка, Естонија, Украина и Велика Британија, при што сите ги имаа донесено своите најдобри поединци за тестирање за наредното Светско првенство кое ќе се одржи на крајот на август во Астана, Казахстан. Како претседател на МТТФ сум пријатно изненаден од нашите натпреварувачи, од сите клубови кои учествуваа, посебно изненадување беа двајца натпреварувачи од дебитантите кои имаат 8 години, а тоа се Ѓорески Теодор од Таеквон-до ИТФ клуб СОНКАЛ- Мислешево, Струга, кој освои бронзен медал во спаринг деца 8-10 години -30 кг, а кој после две последователни победи беше победен во полуфиналето од страна на судиите во корист на претставникот од Украина, и Јосифоски Димитар, од Таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ- Лескоец, Охрид, кој освои сребрен медал во спаринг деца 8-10 години -25кг. Презадоволен сум од тренерите, судиите и официјалните лица, кои најпрофесионално си ги извршија своите обврски. Посебно се радувам што сите клубови се закитија со медали што покажува дека квалитетот кај сите оди во нагорна линија, и со тоа можеме да кажеме дека во иднина можеме да очекуваме повеќе врвни успеси. Наредниот викенд одиме во скратен состав на уште еден престижен А класa натпревар “Софија опен 2023”, а после тоа се подготвуваме за организирање Меѓународен Таеквон-до ИТФ  натпревар “Охрид Опен 2023” по сите европски стандарди”, изјави Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ,

Вкупно освоени се 39 медали, од кои 10 златни, 8 сребрени и 21 бронзен медал.

Освоени медали по клубови:

Таеквон-до ИТФ клуб СОНКАЛ-Мислешево, Струга

-3 златни, 2 бронзени

Таеквон-до ИТФ клуб ЧОНЏИ-Косел, Охрид

-1 сребрен, 1 бронзен

Таеквон-до клуб МАСТЕР Охрид

-2 златни, 2 бронзени

Таеквон-до клуб АХИЛИУС Скопје

-1 златен, 1 сребрен, 2 бронзени

Таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ-Лескоец, Охрид  

-4  златни, 6 сребрени, 14 бронзени

Please follow and like us: