(ВИДЕО) Силно невреме во Љубаништа: Одрон на патот Охрид- Свети Наум, сообраќајот е во целосен прекин

Охрид

Попладнево силно невреме пропратено со град, грмежи и многу дожд го зафати селото Љубаништа. Жителите велат дека вакво невреме не паметат. Тие додаваат дека причинета е огромна штета.

Од АМСМ информираат дека поради одрон на патот од 19:15 часот во целосен прекин е сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај селото Љубаништа.

Please follow and like us: