Полицијата во Охрид санкционираше 11 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената и 3 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Охрид Регион

На 04.06.2023 во периодот од 15 до 21 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли, при што полициските службеници затекнале и санкционирале 63 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-11, Струга-16, Кичево-33, Дебар-03).

Дополнително, од сообраќај се исклучени 16 возачи кај кои е утврдено дека управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-01, Кичево-12).

Во наредниот период и во пресрет на летната туристичка сезона, сообраќајните контроли на магистралните и регионалните патишта на подрачјето на СВР Охрид ќе бидат интензивирани со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на сите учесници, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged