Во два угостителски објекти во Охрид затекнати 15 малолетни лица по 24 часот

Охрид

На 11.05.2023 во периодот од 00:50 до 02:20 часот, при извршени контроли по угостителски објекти во Охрид, полициските службеници во два објекти затекнале 15 малолетни лица на кои им било овозможено присуство по 24 часот.

По целосно документирање на случаите, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави според член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде е предвидена глоба од 2.000 евра во денарска противвредност, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged