Православните христијани го празнуваат споменот на Св. Еразмо Охридски Чудотворец. По тој повод во манастирот кој го носи неговото име вечерва и утре ќе се служи свечена литургија.
Од манастирот упатуваат покана до сите верници да бидат дел од прославата посветена на овој голем светец.
Почитувани верници,
И оваа година на 14 и 15 Јуни срдечно ве покануваме заедно да го прославиме значајниот христијански празник посветен на нашиот заштитник и Охридски чудотворец – Свети Еразмо.
Исто така ве известуваме дека поради градежните зафати на патот, до манастирот ќе се доаѓа преку стариот пат за Струга, па преку Подмоље кај бензинската станица и кон манастирот “Св. Еразмо Охридски.”
Нека ни е напомош празникот Свети Еразмо и за многу години, се гледаме во манастирот!

