Охриѓанец и скопјанец повредени во сообраќајната несреќа на стариот пат Охрид-Струга

Охрид Регион Црна хроника

На 16.06.2023 околу 15.20 часот било пријавено дека во Струга, на регионален пат Р1208 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.П.(53) од Охрид и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Б.(42) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.П., а со телесни повреди се здобил Х.Б. кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св.Еразмо“-Охрид.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга, се вели во билтенот на Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us:
Tagged