Охриѓанец повреден во сообраќајна несреќа на стариот пат Охрид-Струга

Охрид Црна хроника

На 28.06.2023 во 16.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.С.(33) од Струга и мотоцикл „хонда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Охрид.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged