Православните верници вечерва и утре го слават празникот на Свети Наум Охридски – Чудотворец

Охрид

Во манастирот „Свети Наум“ вечерва по повод празникот посветен на Свети Наум Охридски Чудотворец ќе се служи празнична вечерна богослужба.

Богослужбата ќе започне во 19 часот, а со неа ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Во манастирот утре ќе се служи и света архиерејска литургија со почеток од девет часот, на која ќе чиноначалствува владиката Тимотеј.

Вообичаено како и секоја година на празникот во манастирскиот комплекс доаѓаат илјадници верници да се помолат за своето и за здравјето на нивните најблиски, бидејќи се верува дека Свети Наум Охридски имал чудесна моќ на излекување и дека бил голем исцелител.

Култот за Свети Наум е силен кај верниците од Охрид и регионот, така што покрај православни верници на празникот на светецот бројни се и гости од странство, како и граѓани од други вероисповести.

Please follow and like us:
Tagged