Во сабота ќе се изврши преосветување на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“

Охрид

Во сабота, 15 јули, ќе се изврши преосветување на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“, во близина на Трпејца.

Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека од 08:00 часот ќе има утрена богослужба, а од 09:00 часот ќе започне чинот на преосветување на манастирскиот храм.

Во 10:00 часот ќе започне Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски, Плаошко-струшки и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен.

За заинтересираните кои ќе сакаат да присуствуваат има организиран превоз од селото Трпејца и со бродот „Александрија 2“ од Градското пристаниште. Билети по симболична цена од 200 денари ќе можат да се набават петок после 17:00 на Градското пристаниште, а во сабота бродот тргнува во 07:00 часот. 

Please follow and like us:
Tagged