Охриѓанец тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Кичево-Струга

Охрид Регион Црна хроника

Денеска (20.07.2023) во 00.20 часот, на магистралниот пат Кичево- Струга, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички моторни возила „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.Е.(75) од Охрид и  „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(24) од селото Обршани, прилепско.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Џ.Е., а со телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фолксваген“, Т.Е.(57) од Република Албанија, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged