(ФОТО) ГРК Охрид ги започна подготовките за новата сезона

Охрид Спорт

Градскиот ракометен клуб Охрид ги започна подготовките за натпреварувачката сезона 2023/24, во која клубот влегува со сериозни амбиции.

Екипата во новата сезона ја предводи некогашниот истакнат македонски репрезентативец Стевче Алушовски. Тој попладнево го одржа првиот тренинг со екипата на која, покрај тренерот, и се обратија и членови на управата која за претстојната сезона создаде одлични услови за подготовки кои ќе се одвиваат во неколку фази.

“До 9 август сме во Охрид кога играме контролен меч со Еурофарм Пелистер во Битола. На 10 август одиме на базични подготовки во Маврово каде ќе одиграме еден натпревар со Вардар на 12 август. Во Маврово сме до 18 август кога се враќаме во Охрид каде ќе се подготвуваме за вториот меморијален турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ што ќе се одржи од 23 до 26 август во организација на ГРК Охрид. До почетокот на првенството на 9 септември можеби ќе одиграме уште еден подготвителен натпревар”, изјави спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески.

Во првото коло од новото првенство ГРК Охрид и гостува на Струга.

Please follow and like us:
Tagged