(ФОТО) Поставена фотонапонска централа во СОСУ „Св. Кирил и Методиј„ Охрид

Охрид

Заврши поставувањето на фотонапонската централа на кровот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј„ Охрид.

Централата е со моќност од 22 kW и ќе биде надополнување на новиот систем на греење на училиштето преку топлотни пумпи што значително ќе ги намали трошоците на оваа образовна институција, а секако ќе придонесе и за заштита на животната средина.

Остануваат да се завршат формалните процедури со ЕВН околу приклучување во дистрибутивната мрежа по што ќе биде ставена во функција.

Фотонапонската централа, нејзиното проектирање и поставување е комплетна донација од страна на компанијата ОКТА а.д. Скопје. Оваа донација е вистински пример за општествена одговорност.

Please follow and like us: