Пожар во подрумски простории од зграда во Охрид, четири лица побарале медицинска помош

Охрид

На 29.07.2023 година во 14.42 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во подрумски простории од зграда, лоцирана на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, се случил пожар.

Притоа, четири лица побарале и добиле медицинска помош и се надвор од животна опасност.

Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

фото: архива

Please follow and like us:
Tagged