(ФОТО) Изминатиов викенд максимален ангажман на оперативните служби на “Охридски Комуналец”

Охрид

Во деновиве кога Охрид го живее врвот на туристичката сезона, дежурните екипи максимално ангажирани 24/7.

Сите туристи дојдени за одмор и релаксација, но дел од младата популација зад себе го оставија отпадот по јавните пешачки и зелени површини.

Се чистеше на стадионот Билјанини Извори по одржаните концерти и плажата Немо. Интервенирано по кејот, ул.Македонски Просветители, градскиот парк во повеќе наврати за да се справиме со огромните количини расфрлан отпад, велат од ЈП “Охридски Комуналец”.

На градскиот кеј знамињата заради дотраеност заменети со нови.

Please follow and like us:
Tagged