Културно лето Пештани

Култура Охрид

Во недела, на 6 август во Пештани ќе започне годинешното културно лето. Манифестацијата “Културно лето Пештани“ која веќе стана традиционална, а ќе трае шест дена.

Сите уметности: ликовна, книжевна,музичка и драмска ќе бидат споени во една целина.

Љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во миксот од серенадите, сериозната и народната музика.

Исто така присутните ќе бидат почестени со поезија и проза како и доза на хумор.

Свеченото отворање ќе биде на 6 август 2023 година со почеток во 20.30 часот на самиот брег, во центарот на Пештани.

На 7 август со почеток во 20.00 часот ќе има гастрономска вечер, каде присутните ќе можат да вкусат од прекрасните традиционални јадења од езерското крајбрежје.

Од 8 до 11 август со почеток во 17.00 часот ќе се реализира сликање и цртање на зајдисонце како и изложување на ракотворби од културната работилница.

Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение “ARTE AZZURRA” со поддршка на Општина Охрид.

Please follow and like us: