Пецаков: Христијана е нашиот шампион, нашата гордост, ни покажа дека со љубов и работа не постојат недостижни работи

Охрид

Охриѓани вечерва повторно организираа свечен пречек за младата Христијана Парулеска која го освои бронзениот медал во спаринг борби – јуниорки 14-15 години на Светското таеквондо ИТФ првенство во Астана, Казахстан.

Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека не постои охриѓанец кој не се радува на достигнувањата од Христијана Парулеска.

“За радоста да биде уште поголема Христијана ни овозможи уште еднаш во краток период да се собереме и колективно радуваме.

Овој пат повод за тоа е освоеното 3то место на Светското првенство во теквондо. Во категоријата на спаринг борби таа беше подобра од учесничките Русија, Канада и Грција. За жал поради повреда од 1/4 финалето во полуфиналето и покрај водството од 4:1 натпреварот мораше да го предаде.

Христијана е нашиот шампион, Христијана е нашата гордост и Христијана ни покажа дека со љубов и работа не постојат недостижни работи”, рече градоначалникот Пецаков.

Please follow and like us: