До нашата редакција пристигна допис од посетители и месно население од ЈУНП ГАЛИЧИЦА, кои што биле нападнати од овчарски кучиња кај мв Корита во склоп на Галичица предвидено место за рекреација.
Во продолжение интегрално ви го пренесуваме дописот:
Кај мв Корита во склоп на Галичица предвидено место за рекреација се поставени огромни цистерни за вода, трактор со цистерна за вода кој црпи вода од изворот во близина при што не можеме како посетители да ја користиме, а до цистерните и тракторот има 3 овчарски кучиња до самиот пат кои напаѓаат. Исто така на превојот БАБА има преку 20 кади и повеќе цистерни. Сите овие реквизити се поставени и се во сопственост на вработениот шумочувар од с. Љубаништа, кој наместо да врши заштита на природата и природните вредности истиот низ годиниве ја злоупотребува службената позиција. Со неговото стадо крави врши напасување во строго заштитена зона, при што ја пренасочува и црпи водата на изворот Корита што преставува кривично дело по законот за заштита на природата, како и други злоупотреби за што веќе му се поднесени кривични пријави од МВР . Зачудува фактот кој и заради какви причини од ЈУНП ГАЛИЧИЦА низ изминативе години до денес не го санкционираат ова лице за постапките, и зошто молчи установата и со тоа станува соучесник, кога ќе го санкционираат ова заштитено лице како бела мечка? Зошто и кога ќе реагираат и другите служби како на пример ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА?



