(ФОТО) Рано утрово избувна пожар во центарот на Охрид, кај Градскиот пазар

Охрид

Рано утрово, околу 05:00 часот, избувна пожар во центарот на Охрид во близина на Градскиот пазар.

Според првичните, неофицијални информации, најпрво се слушнал силен татнеж, а потоа избувнал оган во еден од објектите на уличката која од плоштадот кај стариот Чинар води кон пазарот.

Пожарот бил успешно изгаснат од страна на екипи на охридската територијална противпожарна единица.

Во пожарот нема настрадани, а е причинета поголема материјална штета. 

фото: ТППЕ Охрид

Please follow and like us: