Двајца охриѓани повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Охрид Црна хроника

На 06.09.2023 во 22.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 27-годишен охриѓанец, излетало од патот.

Притоа, возачот и сопатникот 19-годишен охриѓанец се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид, се вели во билтенот на Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us:
Tagged