На патот Охрид-Ресен кај „Рашанец“ пронајден починат градежен работник

Охрид Црна хроника

На 23.09.2023 во 13.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на место викано „Рашанец“ на регионалниот пат Охрид – Ресен, каде што извршувал градежни работи, бил пронајден починат 47-годишен скопјанец

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Известен бил Јавен обвинител и трудова инспекција, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, се вели во билтенот на Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us:
Tagged