Мицкоски: Ќе ве разбиеме сите на купче и СДС и ДУИ, цунами ќе ви се случи, ќе ве оддува торнадо, затоа што позади нас стои народ

Македонија

„Ги слушам оние прозивки од СДС дека сме биле разединети и со конфликти, тие кои не смеат ниту името на нивниот поранешен претседател да го кажат. Епа еве една порака до нив и до нивните лакеи и до сите оние подлизурковци кои што мислат дека ВМРО-ДПМНЕ на овој начин ќе се раздели ќе се подели има еден начин да тестирате и да се соочите со вистината, ајде на избори. Еве ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина така поделено како што вие викате, ајде избори тоа е единствениот начин како ќе покажете и докажете дека тоа што го зборувате е вистина. Но, тоа вие обични кукавици нема да го направите. Затоа што знаете како ќе поминете. Ќе ве разбиеме сите на купче и СДС и ДУИ. Цунами ќе ви се случи, ќе ве оддува торнадо, затоа што позади нас стои народ, и народ ќе ви се случи. Ќе ве победиме силно затоа што ја претеравте. Затоа што камен на камен не оставивте. Ајде на избори. Да видите што е сила и посветеност“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Велес.

Please follow and like us:
Tagged