На 25.09.2023 во 20.35 часот на ул.„Абаз Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 39-годишен охриѓанец.
Околу 20.20 часот во казино на истата улица тој се однесувал агресивно, истурил бензин и се обидел да предизвика пожар, но бил спречен од вработените и сопственикот.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.
Please follow and like us:

