Пецаков: Започнаа градежни активности за изградба на детско игралиште во Косел

Охрид

Започнаа градежни активности за изградба на детско игралиште во Косел, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница.

“Во моментов се работи на партерно уредување, по што ќе следува поставување на соодветни детски реквизити. Средствата за иградба на игралиштетот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид”, напиша градоначалникот Пецаков.

Please follow and like us: