Пецаков: Се поставува атмосферска канализација на улицата „Караорман“

Охрид

Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на атмосферска канализација на улицата „Караорман“, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница.

“Линијата е во должина од 145 метри, а се поставуваат цевки со Ф200 и Ф300.

Вредноста на зафатот изнесува 1 332 058 денари, средства од буџетот на Општина Охрид”, напиша градоначалникот Пецаков.

Please follow and like us: