Пецаков: Во Подмоље извршивме реконструкција на постојното повеќенаменско игралиште

Охрид

Во Подмоље извршивме реконструкција на постојното повеќенаменско игралиште. Вредноста на реконструкцијата изнесува околу 600 000 денари.

Дополнително во склоп на повеќенаменското игралиште изградивме и комплетно ново детско игралиште кое е опремено со соодветни детски реквизити.

Исто така изградивме и нов потпорен ѕид, игралиштето соодветно го обележавме, околниот простор партерно го уредивме, поставивме нови клупи, канти за отпадоци и клупи на трибините, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница.

Please follow and like us:
Tagged