Во возило на охриѓанец полицијата пронајде марихуана наменета за продажба

Охрид Црна хроника

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “.

При претрес во неговото патничко возило, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога пронајдоа и одзедоа марихуана, наменета за натамошна продажба, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged