Охриѓанец го загуби животот во сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен

Охрид Регион

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во непосредна близина на битолското село Братиндол, на магистралниот пат А3 Битола-Ресен, а како што известија од СВР Битола, едно лице го загубило животот.

Како што пренесуваат медиумите, повикувајќи се на соопштението од СВР Битола, во несреќата учествувале патничко моторно возило марка „бмв” со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од с.Езерани, ресенско и сопатник К.Ш.(25) од с.Царев двор, ресенско и патничко возило „рено клио”со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С.(50) од Охрид и сопатничка Н.С.(55) од Охрид, при што како последица на здобиените повреди кај лицето Г.С. од страна на доктор била констатирана смрт.

Од АМСМ известија дека поради случена сообраќајна незгода, вечерва од 20.45 часот, сообраќајот на магистралниот пат А3 Битола-Ресен, е во целосен прекин и се пренасочува по стар пат.

Please follow and like us:
Tagged