Во домот на охриѓанец пронајдени две опаковки со бела прашкаста материја

Охрид

На 07.11.2023 година, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, врз основа на судска наредба, извршија претрес во домот на 39-годишен охриѓанец.

Притоа, пронајдени и одземени се две опаковки со бела прашкаста материја, како и повеќе предмети со траги од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged