Времето денеска сончево со мала облачност, температурата во Охрид до 14 степени

Охрид

Претпладне во западните делови ќе има појава на ниска облачност или магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 9 степени, а дневните до максимални 18 степени.

Од утре попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Please follow and like us:
Tagged