(ФОТО) Во село Оздолени откриено бесправно складирано дабово огревно дрво

Регион

На ден 15.11.2023 година, во село Оздолени, при контрола на Шумската полиција од Охрид, откриена е бесправно складирана не жигосана дрвна маса.

Од страна на Шумската полиција П.С. Охрид е одземено бесправно складираното дабово огревно дрво во количина од 7м3 и записнички предадена на Шумското стопанство Галичица.

За констатираното бесправно дело ќе биде поднесена соодветна пријава до правосудните органи, информираат од Шумската полиција од Охрид.

Please follow and like us:
Tagged