Како што се ближи крајот на годината, така започнуваат предновогодишните прослави кои сите со нетрпение ги очекуваме.
Сите ние се подготвуваме да ја завршиме изминатата годинa и да ја пречекаме новата со нашите пријатели и соработници.
По тој повод ресторанот „Кај Местоно“ во Пештани, ги поканува колегијално охридските фирми во опуштена атмосфера со најдобрите специјалитети и одлична услуга заедно да ја испратат старата 2023 година.

Љубителите на добрата храна и убава музика ќе имаат можност да поминат неповторлива предновогодишна забава.
Почнувајќи од 15 декември па се до крајот на оваа година секој ден ќе има жива музика, а гостите ќе можат да уживаат во песните на Марјан Коцев, Татјана Стефановска, Стојне Николова, група Везилка, Игор Бежаноски со бенд и многу други.
Од ресторанот потенцираат дека во цената на аранжманот вклучен е и организиран превоз.
Резервирајте ја вашата предновогодишна прослава на време!

