Охриѓанката Теодора Митреска освои златен медал и пехар за најдобра јуниорка на Европски Таеквон-до ИТФ куп во Солун

Охрид Спорт

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (ИТФ), под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски, викендов од 1 до 3 декември учествуваше на Европски Таеквон-до ИТФ куп “9 КИНГ ОФ ТАЕКВОН-ДО” во Солун, Грција, кој е еден од најсилните натпревари во светов, и каде учествуваа 1510 натпреварувачи од 117 клубови од 18 земји.

М.Т.Т.Ф. ја претставуваа тројца  натпреварувачи од клубовите:

-Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид

-Таеквон-до клубот “МАСТЕР” Охрид

-Таеквон-до клубот “СОНКАЛ” Мислешево-Струга

Христијана Парулеска поради повреда од која се’ уште закрепнува, настапи како тренер поради нејзиното искуство. За жал поради повреди, настинки и школски обврски отидовме во мал број, а ова ни е прв пат да одиме на натпревар во Грција. Иако нашите натпреварувачи истрошени, претходно учествувајќи на три силни натпревари, дадоа се од себе  и не израдуваа со златен медал и пехар за најдобра јуниорка 16-17 години. На Европскиот куп во Солун, Грција, каде учествуваа натпреварувачи од Аргентина, Естонија, Украина, Чешка, Шпанија, Италија, Кипар, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, БиХ, Србија, Македонија, Грција, Шведска, Финска, Обединето Кралство, со само тројца натпреварувачи отидовме чисто да бидеме видени како федерација и за добрососедски односи, не очекувајќи некаков успех, знаејќи дека пристрасноста на судиите ќе биде против нас, со оглед на големината на натпреварот. Во конкуренција на 1510 натпреварувачи, ние бевме тотални аутсајдери, но секогаш одиме спремни по секоја цена да дадеме се од нас, погазувајќи го мотото “битно е да учествуваш”. Ние како федерација секогаш одиме со цел да постигнеме резултат, што е премногу тешко на вакви врвни натпревари, посебно каде што беа репрезентациите на едни од најсилните земји во светов. Нашите натпреварувачи како и секогаш дадоа се од себе, повторно радувајќи не со неколку победи. Давид Крстески за жал го повреди коленото и мораше да го прекине натпреварувањето, Владимир Димитриевиќ во првиот круг убедливо го победи домашниот претставник додека во вториот круг падна со светски шампион и заслужено загуби. Херој на овај натпревар излезе Теодора Митреска од Охридскиот клуб МАСТЕР, освојувајќи златен медал и пехар за најдорба јуниорка 16-17 години. Горди сме што имаме вакви натпреварувачи што даваат се од себе и не радуваат со успеси од врвни натпревари, изјави претседателот на М.Т.Т.Ф. Марјанчо Лазаревски.

Please follow and like us: