Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Охрид Црна хроника

На 14.12.2023 во 20.10 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода двајца охриѓани на возраст од 40 и 33 години.

Тие биле затекнати во близина на станот кој го користеле и при преглед кај нив, кај 40-годишникот биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со бела прашкаста материја, додека кај 33-годишникот била пронајдена и одземена поголема сума на пари.

Подоцна, при претрес во станот, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се една ќеса со повеќе пакувања бела прашкаста материја, ќеса со бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged