Второ место и пофалници за учениците од “Кочо Рацин” Охрид на државниот натпревар по Македонски јазик

Охрид

Забележителен успех на учениците од ООУ “Кочо Рацин” Охрид, единствените основци од нашата општина, на Државниот натпревар по Македонски јазик и литература.

Деветтоодделенката Надица Тасеска под менторство на Фила Вероска-Стојковска, го освои второто место, додека Изабела Томаноска (VIII одд.) ментор: Наташа Неданоска, и Сара Котеска (IX одд.) ментор: Фила Вероска-Стојковска освоија пофалници.

Вака се сака македонскиот јазик и Македонија, зашто како што вели големиот Блаже Конески – ЈАЗИКОТ Е НАШАТА ТАТКОВИНА, порачуваат од ООУ “Кочо Рацин”.

Please follow and like us: