Пецаков: Во ОУ „Братство Единство“ заврши изградбата на детското игралиште

Охрид

Пред крајот на 2023 година завршивме со изградба на уште едно детско игралиште.

Во дворот на ООУ „Братство Единство“ заврши изградбата на детското игралиште на кое се поставија соодветни детски реквизити и подлога.

Продолжуваме и понатака да инвестираме во инфраструктура која придонесува за здраво население и детска дружба.

Проектот го реализиравме во соработка со Халк банка, чија општествена одоговорност е во корелација со нашите заложби, напиша градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница.

Please follow and like us:
Tagged