Колектор предизборно вработува Албанец, Ром, Турчин

Македонија Охрид

Власта предизборно ги полни институциите со партиски кадри. Деновиве објавени се илјадници огласи за вработување, а таквиот тренд не го заобиколи и новоформираното државно претпријатие “Колекторски систем”.

За таму објавен е оглас преку кои треба да се примат нови 8 вработени. Од тие работни позиции, 6 се наменети за Албанец/ка, 1 за Турчин/ка и 1 за Ром/ка.

Во огласот се наведува дека имаат потреба од технолог, општ работник, одговорен за одржување и техничка исправност на возила, машински инженер и оператор машинист, а платите се движат од 23.000 до 29.000 денари.

Please follow and like us:
Tagged