Сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, едно лице тешко повредено

Регион Црна хроника

На 02.01.2024 во 09.45 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Врбјани, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(59) од Скопје излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото В.А.(58) од Скопје, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged