Честитки, избрани новите нотари за Охрид, Елвин Зиба и Бахар Далип Калем – епа чорба Македонче

Охрид

Како што дознаваме, паднала одлука за избор на нови нотари за подрачјето на Основниот суд во Охрид.

Според нашите извори тоа се Елвин Зиба и Бахар Далип Калем.

Како што дознаваме, ваквата одлука предизвикала потреси во Општинската организација на СДСМ во Охрид.

Раководството на ОО СДСМ Охрид било видно вознемирено за изборот бидејќи имало желби нивни членови да го грабнат нотарското столче во градот.

Нашиот извор вели дека очигледно паднал политички договор на повисоко ниво за изборот на нотарите во Охрид.

Епа чорба Македонче!

Please follow and like us:
Tagged