Следува стабилно време со утрински ниски температури, од викенд потопло

Македонија

До крајот на денов времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Синоптичарите најавуваат дека следува период на стабилно време со ниски утрински температури и услови за појава на утринска магла по одделни котлини. В петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за време на викендот и во почетокот на новата седмица, известуваат од УХМР.

Минималната температура ќе биде минус 10, а максималната 18 степени.

Please follow and like us:
Tagged