Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација ја стартува 2024 со Национален семинар за тренери и судии

Охрид Спорт

Викендов 26.01.2024 (сабота) во Спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, под водство на Марјанчо Лазаревски, црн појас V дан, претседател и национален тренер на М.Т.Т.Ф и Саша Поповски, црн појас V дан почесен претседател и национален селектор на М.Т.Т.Ф, се одржа Национален семинар за лиценцирани судии (А, Б класа) и судии, каде учество зедоа членови од сите клубови на федерацијата.

-После зимскиот распуст и празниците, одзивот беше повеќе од очекуван, при што спортската сала беше преполна. Не радува фактот дека имаме членови кои се лојални и кои се трудат да учат и да постигнуваат уште поголеми успеси. Можеме да се пофалиме како федерација дека имаме 23 лиценцирани тренери од кои 12 се А класа, а 11 се Б класа. Исто така имаме и 10 комплетни меѓународни судии кои освен како бодовни судии, сега ќе можат да се и централни судии, изјави претседателот на М.Т.Т.Ф, Марјанчо Лазаревски, кој искажува благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Агенцијата за млади и спорт и Општина Охрид.

Please follow and like us: