Избрани судии поротници во Основен суд Охрид

Охрид

Судскиот совет, на денешното продолжение на 476-та седница, меѓу другото донесе одлука за избор на тринаесет судии поротници во Основен суд Охрид.

За судии поротници во Основен суд Охрид избрани се Марија Димитриевска, Михаил Котовски, Ангела Крлевска, Маја Латковска, Јован Михајловски, Марија Мошова, Александра Серафимовска, Надица Спировска, Милена Стојановска, Билјана Трпевска, Горан Угриновски, Асине Шемо и Руши Шемо.

Please follow and like us:
Tagged