Охриѓанец тешко повреден откако со возилото излетал од улицата ,,Партизанска“ во Струга

Охрид Регион Црна хроника

На 03.02.2024 околу 02.40 часот во ОВР Струга било пријавено дека на ул.,,Партизанска“ во Струга, патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 28-годишен охриѓанец, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга, се вели во билтенот на Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us: