Пецаков: Решаваме 30 децениски проблем за Горно и Долно Лакочереј, проект вреден 30 милиони денари

Охрид

Се решава проблемот со канализацијата во Горно и Долно Лакочереј. Проектот кој што се ветувал низ изминатите 30-тина години дека ќе биде завршен, конечно е пред реализација.

Ние како локална самоуправа уште со самото доаѓање, првата работа која ја направивме беше да нарачаме проект, втората извадивме одобрение и веќе од денешен аспект имаме проект во вредност од 30 милиони денари кои што преку 22 милиони денари ќе биде обезбеден од буџетот на општина Охрид, а 8 милиони го аплициравме и добивме средства од страна на Министерството за животна средина. Ова е начинот на кој што покрај овој проект за кој за години се разговарал ќе делуваме и во иднина, проекти за кои што за години се разговарале, а се од суштинско значање и секако дека временските услови дозволија и почеток и секако дека се надевам дека во многу скоро време ќе го завршиме овој проект и луѓето ќе можат конечно во 21 век да имаат од месноста зборам, од местата од Горно и Долно Лакочереј да имаат канализација, изјави градоначалникот Кирил Пецаков при денешниот увид на градежните активности, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Покрај овој проект ќе имаме презентација на уште неколку тековни проекти кои што се отпочнати, а не се завршени и кој што се завршени и проекти кои што ќе отпочнат во делот на касарната, а којшто досега не сме имале можност да ги видиме и да ги презентираме пред јавноста. Така да еден плоден и богат ден, за понатака ќе ги оставиме влезовите на Охрид од страна на Битола, улицата 7-ми ноември и влезот на Охрид од страна на Струга, стариот пат за Струга, улицата Гоце Делчев каде што на двете улици се прави комплетна реконструкција. На тој начин тие се едни од поголемите проекти и во текот на наредниот период  едната улица ќе биде завршена до текот на летната сезона, останата ќе биде ставена пред текот на сезоната мислам на улицата Гоце Делчев во функција, а ќе биде продолжението после 1-ви септември односно завршетокот на туристичката сезона. Овие се неколку проекти за кои што сакавме денеска да ги презентираме пред граѓаните и ќе ги презентираме, меѓутоа овој секако и денеска затоа сме тука е од суштинско значање, голема вредност која што општина Охрид ја покрива и децениско  односно тридецениско побарување на граѓаните и решавање на нивните суштински проблеми, додаде Пецаков.

Please follow and like us: