(ФОТО) Централната комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ денес во посета на Охрид, Струга и Вевчани

Охрид Регион

Централната комисија за локална самоуправа денес во посета на Охрид, Струга и Вевчани.

Прртседателот и членовите на комисијата остварија конструктивни средби со градоначалниците на Охрид и Вевчани, заедно со раководството на партијата во Струга присуствуваа на Езерско дерби помеѓу ФК Караорман и ФК Охрид во Струга, а во ОК Вевчани имаа можност да споделат идеи и предлози за развој на општините.

Бепе презентирана дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ која е во завршна фаза.

Новата влада ќе издвои 250 милиони евра за развој на општините, од кои околу: 8 милиони евра за Охрид, 6 милиони евра за Струга, 1 милион евра за Вевчани. Тоа значи многу работа, многу проекти, подобрени услови за живот во општините и задоволни граѓани! Исто така, фокус на новата Влада ќе биде инфраструктурата – автопатот Кичево-Охрид како главна артерија која значи развој на регионот. Важно е општините да се развиваат и да се создадат достоинствени услови за живот на сите луѓе во Македонија, велат од комисијата.

Please follow and like us: