Времето денеска променливо облачно и релативно топло

Македонија Охрид Регион

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

Од четврток до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите во петок наместа ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови. Од утре до петок ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Please follow and like us:
Tagged