Градоначалникот Пецаков оствари средба со унгарскиот амбасадор Андраш Клајн

Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клајн, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид. 

На средбата се разговараше за можноста за прoдлабочување на соработката помеѓу Охрид и Унгарија особено во областа на туризмот. 

Градоначалникот го запозна амбасадорот со приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината и идните инвестиции во повеќе области. Се разговараше и за теми поврзани со културното наследство и можноста за организирање на културни манифестации поддржани од Унгарската амбасада. 

По средбата со градоначалникот, амбасадорот Клајн придружуван од службите на Општина Охрид беше во посета на ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец, каде што се запозна со условите за работа и можностите за донирање на техничка опрема во ова училиште. 

MEGA5146
MEGA5161
MEGA5188
MEGA5194
MEGA5201
MEGA5207
MEGA5215
MEGA5217
MEGA5223
MEGA5237
MEGA5241
MEGA5243
MEGA5245
MEGA5246
MEGA5248
MEGA5251
MEGA5253
MEGA5254
MEGA5256
MEGA5259
MEGA5262
MEGA5267
Please follow and like us: