Објавени резултатите од распишаните конкурси за „1. Детски Прличеви беседи“

Култура Охрид

Организацискиот Одбор на манифестацијата „1. Детски Прличеви беседи“, која ќе се одржи на 30.3.2024 (сабота), со почеток во 13 часот, во спомен-куќата на Григор Прличев, во соработка со Општина Охрид, ги објавува резултатите од распишаните конкурси за учениците од основните и средните училишта од цела Македонија по повод 25 март 1860 година кога Григор Прличев добива лаворов венец и награда за поемата „Сердарот“ како победник на конкурсот во Атина:

I. Конкурс за најдобра поетска творба

(категорија основно образование)

1. Аспасија Чочороска, VIII одд., ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани, ментор: Роза Китрозоска
2. Ана Николова, VII одд., ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино, ментор: Милена Златковиќ
3. Матеј Велков, VII одд., ООУ „Даме Груев“ – с. Ерџелиja, ментор: Катерина Алексова-Наумова

(категорија средно образование)

1. Симона Димитриеска, I-7, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
2. Ива Јованоска, IV-3, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид, ментор: Маријана Танеска
3. Давид Цветковски, III-1, СУГС ,,Панче Арсовски’’ – Скопје, ментор: Даниела Јовчевска-Михајловска

II. Конкурс за најдобар есеј

(категорија основно образование)

1. Теодора Наумова, VI-2 одд., ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, ментор: Силвија Мојсоска
2. Марко Макалоски, VI-Г одд. ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ – Прилеп, ментор: Љупчо Петрески
3. Христијан Темелков, VII-3 одд., ООУ „Григор Прличев” – Охрид, ментор: Лилјана Ставреска

(категорија средно образование)

1. Мартина Настевска, III-2, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
2. Иво Георгиески, I-7, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид

III. Конкурс за најдобар рецитатор

(категорија средно образование)

1. Константина Крежеска, IV-5, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
2. Јована Лазаревска, III-2, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово, ментор: Лидија Ристовска
3. Александар Илиевски, IV, АСУЦ ,,Боро Петрушевски“ – Скопје, ментор: Катерина Јакимовска

IV. Конкурс за најдобар оратор

(категорија: средно образование)

1. Сара Петкоска, III-3, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
2. Ѓорѓи Целески, IV-6, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
3. Александра Ристевска, I-2, ДСУ „Спортска академија“ – Битола, ментор: Елизабета Јончиќ

Please follow and like us: