Започна поставувањето на нова енергетски ефикасна фасада на ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Охрид

Деновиве започна поставувањето на нова енергетски ефикасна фасада на ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.

Со овој зафат значително се подобруваат условите во овој објект и притоа се намалуваат трошоците поврзани со греење.

Дадовме ветување за посветен однос во подобрувањето на условите во сите воспитно – образовни институции и тоа го реализираме. Финансиските средства предвидени за овој зафат изнесуваат 1 564 984 денари, а се обезбедени од буџетот на општина Охрид, напиша градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница.

Please follow and like us: